По драматичната завршница – Охрид го сруши Металург во „Билјанини извори“

Ракометарите на Охрид денеска остварија победа во пресметката против тимот на Металург во рамки на плеј-оф натпреварот во Суперлигата.

На домашен терен, Охрид го пречека тимот на Металург и го победи со тесен резултат (27:26), а победата беше извојувана во самиот финиш од натпреварот, па затоа ќе биде од исклучителна важност за „рибарите“.

На полувреме домаќините водеа, а во финишот од средбата се доведоа во ситуација да мора да го спасуваат натпреварот.

На крајот, домаќините преку Тот постигнуваат гол во финишот за победа против тимот од Скопје.

На оваа средба најефикасен ракометар беше Денис Тот кој запиша 6 голови, додека кај Металург прво име беше Додиќ кој исто така постигна 6 погодоци.