По десет години, Барса без Меси!

Вечерва во Билбао почнува новата сезона во шпанското првенство, а најдобриот тим во него Барселона ќе биде без својата прва ѕвезда.

Поради повреда Ернесто Валверде не го вклучи Лионел Меси во составот за гостувањето кај Атлетик и тоа ќе биде првпат по една деценија Барса биде без најдобриот играч на сите времиња во првото коло. Последниот таков случај е од 2009 година кога каталонскиот тим во првото коло го пречека Хихон и го победи со 3-0 во првиот круг по доаѓањето на Кристијано Роналдо во Шпанија.

Триото во напад тогаш го сочинуваа Кркиќ, Педро и новиот играч Златан Ибрахимовиќ, само Педро не постигна гол, а третиот беше дело на Кеита. Меси заздравуваше од повреда на коленото и побара од Гвардиола да биде поштеден за да се подготви за квалификацискиот натпревар за СП 2010 против Бразил што се одигра пет дена подоцна. Гвардиола го прифати тоа, а отсуството на Меси немаше последици по конечниот резултат.

Во овие 10 години оттогаш Меси секогаш играш во првото коло и постигна 14 гола на тие девет натпревари. Погоди на седум од нив, на пет два гола, а на еден хет-трик. Валверде не би имал ништо против да биде постигнат истиот резултат, но на сите им е јасно дека тежината на противникот и местото каде што се игра се сосема поинакви и на Барса ќе и биде многу тешко.