По четири врзани победи – МЗТ падна кај Сутјеска

Шампионот на Македонија, тимот на МЗТ Скопје, вечерва е поразен на гостувањето кај Сутјеска во рамките на АБА 2 лигата со резултат 85:70.

Иако имаа солиден почеток, сепак избраниците на Кочов неможеа да го следат темпото на домаќинот и тоа резултираше со сигурен пораз.

Ова е прв пораз за МЗТ Скопје по четирите победи во ова натпреварување, што сега им прави скор од 4 победи и 1 пораз.

Џабари Хиндс беше најрасположен за игра од редовите на МЗТ, кој постигна 22 поени, кај победниците, најефикасен беше Павичевиќ со 21 поен, екс кошаркарот на МЗТ.