По бројните критики, донесоа одлука: Голема промена на Вимблдон веќе од оваа година

Организаторите на најголемиот тениски турнир во светот, Вимблдон, одлучија денеска дека од оваа година, мечевите во машки дубл конкуренција, наместо до три сета, ќе се играат на два добиени сетови.

Вимблдон беше последниот гренд слем турнир на кој мечевите во дубл конкуренција се играа на три добиени сетови, нешто што беше критикувано од бројни тенисери кои настапуваа во поединечна конкуренција, образложувајки дека тој формат им го одвраќа фокусот од настапите.

Организаторите соопштија дека одлуката за скратување на мечевите е донесена по широк консензус и консултации и дека со оваа одлука го ускладија Вимблдон со останатите турнир.

„Оваа одлука ќе овозможи полесно одредување на распоредот на мечеви, но и ќе охрабри повеќе тенисери да се пријават за дубл конкуренцијата“, порачаа од Вимблдон.