По 32 години, Хилсбороу ја зеде 97. жртва

Ендрју Дивајн имал само 22 години кога во 1989 заминал да го проследи натпреварот меѓу Ливерпул и Нотингем Форест.

Во фамозното стампедо доживеал тешки повреди на градите и мозокот и семејството веќе го прежалило кога ги изненадил сите и го преживеал хоророт. Иако бил принуден животот да го продолжи во инвалидска количка, без можност да зборува и јадел само пасирана храна, живеел уште 32 години, но почина вчера, на 55-годишна возраст.

Поминати се повеќе од три децении, но Дивајн сепак се смета како 97. жртва на Хилсбороу бидејќи неговата смрт е директна последица од тешките повреди што ги доживеал тогаш.