ПМФЛ: Шкендија го доби дербито против Вардар, Пелистер подобар од Ренова

Шкендија успеа да го добие дербито во 20-то коло од ПМФЛ против големиот ривал, тимот на Вардар со 2:1.

На оваа средба домаќините дојдоа први до водство преку Мурати во 15-та минута, за гостите да вратат веднаш две минути подоцна преку Мирчевски. Со резултат 1:1 се замина на полувреме.

Во вториот дел иницијативата на домаќините вроди со плод во 62 минута, кога Алими го матира гостинскиот голман и Шкендија поведува со 2:1. До крајот на средбата, тетовската екипа го сочува водството и оствари победа.

Од останатите натпревари во ПМФЛ денеска:

Македонија ЃП 0:0 Борец
Пелистер 3:1 Ренова
Шкупи 0:0 Академија Пандев
Беласица 1:2 Струга Трим Лум