Плодна година за Италија: По фудбалерите и одбојкарите станаа европски шампиони

Италијанските одбојкари освоија злато на Европското првенство во Полска, откако во финалето ја победија Словенија со 3: 2 (22:25, 25:20, 20:25, 25:20, 15:11).

Италија до победата ја предводеа Даниеле Лавија со 21 и Алесандро Микилето со 17 поени, додека кај Словенија најефикасен беше Ален Пајенк со 16 поени.

Словенија двапати водеше, но Италија успеа да се врати во мечот и да ја задржи концентрацијата во петтиот сет и да стигне до победата.

Синоќа Италија ја освои шестата титула континентален шампион во својата историја.

Словенија во полуфиналето успеа да го победи фаворизираниот домаќин Полска, додека Италија беше подобра од Србија.

Претходн во натпреварот за третото место, Полска ја победи Србија со 3-0.