Плачеше дека го исфрлиле на улица, дојде во Вардар, но си замина – па сега ќе игра за нивната држава

Хрватската ракометна репрезентација би можела да остане без интернационалец и голем играч.

Имено, Анте Кудуз во иднина би можел да го носи дресот на романската репрезентација.

Кудуз игра одлични партии во дресот на Динамо Букурешт, а воспостави контакт и со Романската ракометна федерација.

Споменатиот ракометар игра на позицијата лев бек, а во минатото настапуваше за Хрватска. Тој се најде и на списокот на играчи за Европското првенство во ракомет во 2020 година, но никогаш не ја доби вистинската можност.

Одлуката за промена на репрезентацијата изненади многумина, но правилото на ЕХФ е дека играч може да игра за втората селекција по три години играње репрезентативни натпревари.

За потсетување тој минатата година ова време преку медиумите се жалеше дека од Динаму Букурешт го исфрлиле на улица откако не му го платиле станот. Тој летово дојде во Вардар, но кратко се задржа и се врати назад во старата средина