Писонеро: Во Вардар доаѓам со јасна цел!

Давид Писонеро е новиот шпански предводник на Вардар, трет по ред, по Гонзалес и Парондо.

Овој тренер како што сам потенцираше, доаѓа во Вардар за да го одржи европскиот континуитет на двократниот европски шампион, што укажува на тоа дека Вардар и следната сезона ќе биде доста силен колектив.

Доаѓам во Скопје со јасна цел, да го одржам нивото на овој Вардар. Тимскиот дух беше нешто кое се издвојуваше од овој тим како најсилно оружје. Среќен сум што доаѓам во ваков тим, се надевам дека ќе искусам исти емоции како и моите претходници Парондо и Гонзалес“.

„Јас можам да ви ветам само напорна работа во Вардар. Потребни ќе ни бидат играчи со посебни квалитети, аспект на подеднаква игра во напад и одбрана“, истакна Писоне ро, кој некогаш го тренираше тимот на Ваљадолид.