Писонеро: Со нетрпение чекааме да излеземе на теренот против Мотор

Вардар, актуелниот освојувач на регионалната СЕХА лига, денес го има првиот сериозен тест во ова натпреварување. Со почеток од 16.15 чаот ќе ги одмери силите против Мотор Запорожје.

„Ова ќе биде прв сериозен тест за Вардар, совршен натпревар за гостување во СЕХА лигата против многу добар ривал. Ако сакаме добар резултат, треба да дадеме се од себе. Трениравме напорно и мислам дека ни требаат квалитетни натпревари. Мислам дека играчите и екипата се подготвени за вакви натпревари и со нетрпение чекаат да излезат на теренот“, изјави Давид Писонеро.

„Црвено-црните“ на ова гостувањ ќе настапат безн Стојанче Стоилов, Жозе де Толедо, Калифа Гедбан и Сташ Скубе.