Еден од членовите на управата на Жоан Лапорта си поднесе оставка поради заминувањето на Лионел Меси.
Иако Аргентинецот повеќе пати во текот на своето простување подвлече дека Жоан Лапорта направил се за тој да остане во клубот, дел од членовите на управата очигледно не мислат, веројатно бидејќи имаат поинакви информации од прва рака за целата ситуација.
Хауме Лопез, членот на управата, денес си поднесе оставка со објава:
„Драг Жоан, ме разочара. Мислев дека ти си единствениот кој може да му се спротистави на Флорентино Перез. Не се сите информации достапни, но јас сум прилично сигурен дека можело многу повеќе да се направи за Меси да остане. Ќе видиме што ќе се случи кога ќе дојде Суперлигата, ако воопшто и стигне, а за тоа време олеснет е патот за Реал да го доведе Мбапе, успеа совршениот план на Флорентино Перез. Историјата ќе те памети како претседателот кој дозволи Меси да си оди“, порача Лопез.
Оваа порака дефинитивно ќе предизвика земјотрес на „Камп Ноу“ и навивачите ќе бараат одговори од Жоан Лапорта.