Пирс има контроверзно тврдење, фановите веднаш му се нафрлија

Некогашниот ас од НБА лигата, Пол Порс, кој најславните денови во американското првенство ги оствари во дресот на Бостон Селтикс, има интересно тврдење.

Пирс смета дека во денешно време, тој би бил во ситуација да постигнува и по 50 поени по натпреварот, и го образложи тоа негово тврдење:

„Како што стојат работите во денешната НБА, правилата се во служба на напаѓачите, јас просечно би поентирал по 50 поени“, смета Пирс.

Пирс веднаш по оваа изјава, беше критикуван од многу НБА фанови, кои сметаат дека тој не може да го оствари тоа негово тврдење, бидејки неговиот просек низ кариерата е под 20 поени, поточно 19,7%.