Пирло ја загуби контролата и го нападна новинарот: Ај ти кажи ми што треба да направам

Андреа Пирло не беше задоволен по ремито со Верона (1:1), а по натпреварот имаше вербална пресметка со новинарот на „Скај Спорт“.

Кристијано Роналдо на почетокот од вториот дел им донесе водство на гостите од Торино, но Верона се спаси од пораз со голот на Антонин Барак.

Новинарот на „Скај Спорт“, Џанкарло Падован, го запраша Пирло за некои тактички работи и му сугерираше дека некои играчи ги користел на погрешна позиција.

„Бевме во извонредна ситуација, ако ги погледнете отсутните. Алекс Сандро веќе го прилагодив за стопер, па не можевме да измислиме повеќе од тоа. Ако ви недостасуваат четири бека, тогаш еве вие кажете ми што треба да направам“, изјави Пирло.

По ова Падован на Пирло му зборуваше за одбраната на Верона со Раду Драгушин, кој по тврдењата на новинарот играл како бек, а Пирло смета дека неговата улога била исклучиво како централен дефанзивец.

„Драгушин не е бек и никогаш не играл како бек, тој е трет стопер. Пред коментарот сте требале да погледнете некои натпревари. И не, не си гледал“, додаде Пирло.

Потоа, упорниот новинар му дофрли дека Бернардески и Киеза биле надвор од своите позиции во формацијата 3-4-2-1.

„Извинете, но кого би сте сместиле во таа формација? Киеза е напаѓачко крило, во таа улога играше многу натпревари. Бернардески речиси секогаш играл на таа позиција. Кога морате да направите промени, сите мораат да се прилагодат на тоа“, заклучи треннерот на „Старата дама“.