Пипен за инцидентите со Џордан: Зошто да се присеќам на нешто од пред 30 години?

Документарецот „Last Dance“ изминатиот период изнесе на виделина многу моменти кои не беа допрени до јавноста.

Исто така, документарниот филм кој бележи рекордна гледаност, не создаде раздор помеѓу легендарниот двоец од Чикаго, Скоти Пипен и Мајкл Џордан.

Тие во минатото имаа расправија и инциденти, а Пипен се прашува зошто сега новинарите доаѓаат до точка на вриење за нешто кое се случило пред 30 години.

Пипен открива дека разговарал со Џордан за филмот и дека не постои било каква дополнителна расправија помеѓу нив двајца.

Зошто би бил навреден поради тоа што се случи пред 30 години?“, објаснува Пипен.

Спорниот дел во документар ецот е оној кога Џордан го нарекува Пипен „себичен“.

Не бев вознемирен поради тоа, документарецот не ме мачи воопшто. Тоа е шанса за младата гене рација играчи да видат каква беше кошарката во раните 90-ти“, истакна Пипен.