Пионерите на РК Алкалоид со пет победи до полуфинале

Екипата на РК Алкалоид У16 со максимални пет победи го освои првото место во групата на турнирот во Нант и се пласираше во полуфиналето.

РК Алкалоид по вчерашните победи над Хихон и Тулуз, денеска играше со Естудијантес од Белгија 22-12 (14-4), потоа со репрезентацијата на Бенин 30-17 (17-10) и на мечот за првото место, со непоразениот француски тим Онис 21-9 (14-7).

Утре во полуфиналето ќе се сретне со шпанската екипа Понтеведра.