Пионерите на РК Алкалоид освоија злато на турнирот во Нант

Пионрската екипата на РК Алкалоид е победник на Меѓународниот турнир што се одржа во Нант, Франција во периодот од 26 до 28 август. Во конкуренција на 12 екипи од повеќе земји, Алкалоид одигра седум натпревари и победи на сите средби.

Денеска Алкалоид одигра два натпревари. Во полуфиналето се сретна со екипата на Цисне Понтеведра и победи 23-20 (13-8).

По ова во финалето одново се сретна со шпанската екипа Хихон со која играше во првото коло. Алкалоид беше доминантен во првиот дел и го доби со 17-12. Во вториот дел, се играше драматично во завршницата, но Алкалоид успеа да го задржи фокусот и да се одбрани во последниот напад за конечна победа од 27-26.