Пиоли: За Милан Емполи е потежок од Челзи

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли ги анализираше предизвиците кои ги очекува неговиот тим по репрезентативната пауза.

– Сакаме да го подигнеме нивото, дури и во споредба со минатата сезона. Но, Серија А е балансирана лига и сите се засилиле со засилувања, па мораме да останеме блиску во борбата за титулата. Нашата игра против Наполи беше на високо ниво. Сепак, тоа што не земавме бодови значи дека можеме и мораме подобро во некои ситуации – изјави Пиоли.

По репрезентативната пауза има сериозни предизвици и во Серија А и во Лигата на шампионите.

– Целта на Милан е да го освои трофејот. Сакаме да напредуваме. Нема преголема разлика во играњето во Италија и Европа. Лигата на шампионите бара посилно темпо, но ништо не е невозможно. Разбирам дека има големи очекувања во однос на мечот со Челзи, но за нас ќе биде потежок натпревар против Емполи.