Српската фудбалска репрезентација на 5 септември во Белград, го пречекува актуелниот европски и олимписки шампион, Шпанија, на стартот од Лигата на нации (ЛН).
Но тој меч со Шпанија малку падна во сенка поради отказите на некои од најдобрите српски играчи, Душан Влаховиќ, Александар Митровиќ и Сергеј Милинковиќ-Савиќ
Последните двајца денеска испратиле известување до Фудбалскиот сојуз на Србија (ФФС) дека поради повреди ќе мора да ги прескокнат натпревари со Шпанија (5 септември, Белград) и Данска (8 септември, Копенхаген)! А двајцата ги одиграле сите 90 минути синоќа за Ал Хилал во првенството на Саудиска Арабија!
Вчера попладне, учеството во репрезентацијата го откажал и Душан Влаховиќ, преку Инстаграм! И тој ден претходно одигра 90 минути за Јувентус и постигна два гола на натпреварот од Серија А!
Српските медиуми пишуваат дека станува збор за тивок бојкот и оти селекторот Драган Стојковиќ Пикси целосно ја загуби довербата на репрезентативците меѓу кои има многумина што не сакаат да играат за Србија додека тој ја води.
Поради сево ова се огласи селекторот, Драган Стојковиќ Пикси за да ги објасни работите, односно да го „гаси пожарот“.
– Работите се многу едноставни. Ми се јави Влаховиќ, рече дека има семејни проблеми, не навлегувам во тоа и се надевам дека тоа што го има ќе го реши на позитивен начин.
Митровиќ и Сергеј практично цело време играат во Ал Хилал повредени. Тие не’ контактираа, разговаравме, разбирам се’, сакаат да го искористат времето за да ги санираат тие повреди.
Во понеделник на прес-конференцијата подетално ќе разговараме за многу теми, како и за нашите цели во Лигата на нации, но, пред се.’ за подготовката за квалификациите за СП, истакнува Пикси.