Пикси се гордее: „Не сме посрамотивме, никој не може да не навредува“

Драган Стојковиќ Пикси, селекторот на репрезентацијата на Србија, им честиташе на своите избраници на големата желба.

– Горд сум на момците, тие се бореа, дадоа се’ од себе, истрчаа многу километри. Ако навлегуваме во подлабока анализа, поразот од Англичаните и загубениот бод не’ доведоа до оваа ситуација. Мислам дека оставивме добар впечаток, играчите ги заслужуваат сите честитки за борбеноста.

Тие на најдобар начин ја претставија Србија. Беше тежок натпревар, на тактички план идентичен натпревар од двете страни. Знаевме дека мора да постигнеме гол. Тие беа во подобра позиција бидејќи бодот им одговараше. Словенија и Данска не победија никого, продолжуваат со реми. Неверојатно, но вистинито, изјави Стојковиќ.

И покрај елиминацијата, тој смета дека неговите играчи чесно се збогувале со ЕП.

– Направивме се’ за да оставиме што подобар впечаток. Не се срамиме, никој не може да не’ навредува и да ни се смее, рече Стојковиќ.

Голем дел од навивачите српските фудбалери ги испратија со свирежи, за што се огласи и селекторот.

– Па и јас сум незадоволен. Не’ очекувате да ве кренат на небо и да ве гушкаат и да ве бакнуваат. Секако дека сме разочарани, но Србија е на ЕП по 24 години, тоа што некој мисли дека ќе ги победиме сите, тоа е страста на навивачите.

Дали играчите дадоа се’ од себе? Мислам да. Дали јас дадов се’ за тој тим да изгледа добро? И тоа е точно, заклучи Пикси.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО