Пике зборуваше за Фати, па несакајќи го издаде Алба за неговата „голема тајна“

Дефанзивецот на Барселона Жерар Пике откри интересен податок поврзан за неговиот соиграч од екипата Жорди Алба.

Иако има милиони на својата сметка, Жорди Алба се уште нема ни возачка дозвола, па секојдневно неговиот татко го носи на тренинзи.

Ова го откри Пике говорејќи за младата ѕвезда Ансу Фати на прашањето што 17-годишникот доручкува секој ден.

„Искрено, никогаш не сум размислувал за тоа, а и не ме интересира до толку“, изјави Пике и потоа продолжи за начинот на кој Фати доаѓа на тренинг:

„Не може да вози бидејќи се уште е малолетен. Татко му го носи на тренинг секој ден, баш исто како и Жорди Алба“, што го зачуди водителот на емисијата со оглед на тоа дека шпанскиот репрезентативец има 30 години, а нема возачка дозвола.