Пике емотивно се збогува со Меси: Ништо повеќе нема да биде исто

Лионел Меси ја напушти Барселона, единствениот клуб во кој играше во кариерата започната во 2004 година. Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, за многумина и најдобриот, кариерата веројатно ќе ја продолжи во ПСЖ.

Заминувањето на легендата на Барса најтешко им падна на навивачите на овој клуб, но и на самите играчи кои од него се простуваат со пораки на социјалните мрежи. Тоа го направи и Жерар Пике, легендата на клубот, која со Меси освои голем број трофеи.

„Ништо повеќе нема да биде исто. Ни ‘Камп Ноу’, ни Барселона, ниту ние самите. По повеќе од 20 години во клубот престануваш да го носиш дресот на Барса. Реалноста е некогаш тешка. Се запознавме во 2000 година, имавме по 13 години и кариерите беа пред нас. Какви кариери! Да ги замислувавме немаше да биде подобро. Лудило. Во мојата прва сезона, по враќањето во Барселона, ја освоивме тројната круна и ти стана најдобриот фудбалер на сите времиња. Од Росарио го допре небото над Рим. Потоа започна да се создава легендата. Се останатото е историја. А колку добро само си поминавме!

Сега си заминуваш, но знам дека еден ден ќе се вратиш. Постојат работи кои треба да се направат. Забавувај се, уживај таму каде што ќе отидеш и продолжи да победуваш онака како што само ти знаеш. Нам тука ќе ни недостасуваш. Те сакам Лео“, напиша Пике на Инстаграм.