Пет причини зошто Февруари е најдобар месец за нови гуми!

Stop&Go советува: не е доцна да го опремите Вашиот автомобил со зимски гуми, посочувајќи на пет (5) причини зашто Февруари е најдобар месец за купување на нови зимски гуми:

1. Температурите се сеуште ниски, под 7 Целзиусови степени, кога, без разлика на тоа дали има снег или мраз на патот, зимските гуми имаат многу подобри својства од летните гуми, вклучувајќи управување на влажен пат, свиоци, како и при кочење.

2. Одлична можност да инвестирате во нови зимски гуми за Вашиот автомобил, бидејќи цените на зимските гуми во овој период се со дополнителни попусти.

3. Ги избегнувате сите гужви  при менувањето (монтирањето) на зимскте гуми, со кои можете да се соочите во Октомври и Ноември.

4. Доколку сеуште возите летни гуми, ќе ги зачувате ако веднаш ги промените со зимски гуми, бидејќи ќе ги заштитите од температурни разлики во текот на целата година, а со тоа и ќе го продолжите нивниот век на траење и ќе заштедите во домашниот буџет.

5. Вашата безбедност и безбедноста на Вашето семејство секогаш треба да се на прво место.

Зошто и кога се менуваат летните со зимски гуми?

Слојот на газење на летната гума се стврднува при температура пониска од 7 Целзиусови степени.

Тоа предизвикува полош контакт со подлогата, што влијае врз должината на патот на запирање.

За разлика од летните, слојот на газење кај зимските гуми е помек и осигурува подобар контакт со подлогата (патот)  при пониските температури, со што обезбедува и поголема безбедност како за возачот и сопатниците, така и за останатите учесници во сообраќајот.

Зимските гуми овозможуваат најголема сигурност ако се монтираат на сите четири тркала.

Според законот, употребата на зимски гуми (носење зимска опрема) важи од 15 ноември до 15 март.