Пет часа видео игри дневно за 20 милиони годишно: Озил се помалку заинтересиран за фудбал

Арсенал игра убаво и над очекувањата. Унаи Емери успеа за кратко време да ги постави темелите на новиот Арсенал кои нема многу врска со оној на Венгер и да ги пронајде вистинските улоги за поголемиот дел од фудбалерите.

Еден од ретките кој кај Емери не напредуваше, веќе полека назадува е Месут Озил. Вториот најплатен играч во Премиер лигата е се помалку важен за играта на Арсенал, а се чини дека ни Емери не би имал ништо против да му го види грбот.

Поради повреда Озил е надвор од терените веќе еден месец и прашање е кога повторно ќе заигра. Тренерот Емери прилично ладнокрвно им одговори на новинарите дека „Озил се опоравува индивидуално и дека не знае кога ќе биде подготвен“. Делуваше како не е премногу загрижен за Германецот.

Додека трае низата на Арсенал од 20 меча без порази, Озил ужива во видео игри. И не само што ужива, туку целосно е опседнат. Станува збор за популарната игра „Фортнајт“, а на интернет лесно може да се провери колку кој играч троши време играјќи ја оваа игра. Островските таблоиди открија дека Озил одиграл 5.221 партија во одреден период и дека дневно во просек минувал пет часа играјќи „Фортнајт“!?

Германските медиуми ги запрашале и угледните лекари како ова може да влијае на Озил и добија одговор дека станува збор за зависност и дека петте часа играње дневно ќе влијае на периодот на опоравување и враќање на теренот. Како и дека повредата на грбот може да се влоши поради постојано седење.

Сега е јасно и зошто Емери не е преголем оптимист по повод враќањето на Озил. Истовремено, Германецот инкасира огромни 350.000 фунти неделно. На годишно ниво преку 20 милиони евра! А договорот трае до 2021. година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пеп за својот најважен играч: Можеби е и добро што се повреди!

Бока Јуниорс со двојна загуба по Копа .Либертадорес

Модриќ конечно ги искритикува Меси и Роналдо: Тоа што го сторивте, не беше фер!

Кориере со интересна информација: Марсијал со (не)очекувано барање до клубот пред да потпише договор

Допрва може да настане уште поголема омраза кон Иско – Ривалдо му даде трансфер совет

ВИДЕО: Во Арсенал дуваат некои нови ветришта – Гендузи и Лаказет му асистираа на Кошиелни од клупа

За прв пат во историјата на фудбалот: во Шведска прогласен најверниот фанатик во светот – еве и зошто

Клоп пред дербито со Јунајтед на прес доби интересно прашање за Погба – па одби да одговори!

Пеп ги потврди плановите на Сити за оваа трансфер зима