Пешиќ си оди по Олимписките игри

Селекторот на српската кошаркарска репрезентација Светислав Пешиќ, меѓу редови, најави дека по Олимписките игри во Париз ќе ја напушти функцијата, а нема да биде чудо ако со тоа означи и крај на неговата тренерска кариера.

Веднаш по изјавата, почнаа нагаѓања за тоа кој би можел да биде наследникот на клупата на светскиот вицешампион. Во конкуренција за функцијата се неколку релативно млади тренери, но и неколку поискусни, односно повозрасни. Последните денови се спомнува Душан Алимпијевиќ кој немаше голем успех во Црвена Звезда, но затоа направи чуда со турскиот прволигаш Бурсаспор со кој играше во финалето од Еврокупот. Покрај него, се спомнуваат актуелниот тренер на Монако, Саша Обрадовиќ, потоа поранешниот тренер на Мега, а сега дел од стручниот штаб на Голден Стејт Вориорс, Дејан Милојевиќ, како и Ненад Чанак кој имаше големи успеси во Литванија, а летово се пресели во Турк Телеком.

Кој и да биде од овие, Србија пак ќе има квалитетен стручњак на репрезентативната клупа и во иднина ќе атакува на највисок пласман на големите натпреварувања. Откако настапува како самостојна држава (без Црна Гора, СРЈ или СФРЈ), српската репрезентација нема злато, но пет пат играше во финалните натпревари.