Пешевски: Бахреин не ја гледа Македонија со исти очи како Шпанија

Спортклуб од Минхне,

Симеончо Стоиков

Еден од двајцата пивотмени во селекцијата на Македонија, Жарко Пешевски во пресрет на мечот од 2. коло на СП против Бахраин го изнесе своето очекување.

Тој смета дека иако има еден ден пауза, сепак тоа не е доволно за одмор. Сепак најави дека иако го почитува Бахраин, овој противник нема што да бара во мечот со нас.

„Немаме многу време да го подготвиме натпреварот со Бахреин, но важно ни е да се одмориме, иако кратко е времето за подготовки. Ќе одработиме еден тренинг и немаме доволно време за видео анализа, но верувајте дека спремни ќе го дочекаме натпреварот. Бахреин не ја гледа Македонија со исти очи како Шпанија, но ние покажавме едно друго светло, постигнавме 38 гола и игравме како што очекувавме. Можеби имавме мали проблеми во одбраната, но ќе се поправиме со Бахреин. Тие гледаат шанса во натпреварот против Македонија, но ние сме тука да им ги замрсиме сметки“, изјави Пешевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вардар гостува во Загреб – Парондо за очекувањата од дуелот со „плинарите“

Хорват: Го почитуваме Вардар, но ќе сториме се да го елиминираме!

Вардарска доминација во СЕХА: Четири ракометари на Вардар во идеалниот тим!

Талески и Рајн Некар патуваат со +2 кај Нант и Лазаров на реваншот во ЛШ

ЕХФ ги отпиша „црвено-црните“: Вардар нема да игра во Келн!

Кина ќе игра против Вардар !?

Вардар иако некомплетен, лесно се справи против Извиѓач: А сега фокусот на „плинарите“ и ЛШ

Најави за нови заминувања од Вардар – се води кон реализација на „рускиот проект“

И Карачиќ го напушта Вардар: Хрватскиот ракометар се сели во Полска!