Периќ: Спремни сме, желни сме за игра и тоа е најважно

Германски судии ќе ја делат правдата на натпреварот ГОГ Гудме – Еурофарм Пелистер.

Европската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за дебитантниот натпревар на Еурофарм Пелистер во групната фаза на Лигата на шампионите.

Во вторник од 18:45 часот во Данска ќе се одигра натпреварот меѓу данскиот претставник ГОГ Гудме и вицешампионот на Македонија.
Германските судии Фабиан Баумгарт и Саша Вајлд ќе ја делат правдата, а делегат на ЕХФ ќе биде Јорн Мелер Нилсен од Данска.

За ГОГ Гудме ова е втор натпревар во групата Д, откако во првото коло данската екипа загуби од Кадетен Шафхаузен во Швајцарија со 29-28

„Сигурно дека нè пореметија откажувањата. Но, ние добро тренираме и се подготвуваме како секој ден да започнат натпреварите. Подготвени сме за 27 октомври и натпреварот против Данците. Спремни сме, желни сме за игра и тоа е најважно. Само ги чекаме натпреварите“, изјави средниот бек на битолчани, Јосип Периќ.