Перез смета дека го знае „факторот“ за разделбата на Фетел и Ферари

Серхио Перез се сомнева дека возачот на Ферари, Себастијан Фетел, е поблиску до одлука за пензионирање, отколку да се пресели во друг клуб.

Фетел го напушта Ферари по истекот на оваа сезона која допрва треба да ја гледаме, а потоа е вистинска дилема дали ќе продолжи во Ф1 светот или ќе реши да се повлече.

Перез се сомнева дека Фетел размислува за пензионирање и дека по оваа сезона ќе каже збогум на Ф1.

Мислам дека младиот Леклер беше факторот за разделбата на Фетел и Ферари. Нивниот влог за иднината е јасен, донесоа млад возач кој имаше неверојатна сезона, па од тоа може да заклучите многу работи“.

„Ова може да биде последна сезона во кариерата на Фетел во Ф1. Јас лично го гледам дека е поблиску до повлекување, отколку да се пресели во друг тим по Ферари, но не знаеме. Јас зборувам повеќе како навивач, искрено не знам како ќе се одвиваат работите зад големата сцена“, истакна Перез.

Се веруваше дека Фетел би можел да се пресели во Ред Бул и Мекларен, но од таму дојде брз демант, Ред Бул рекоа дека нема шанси за такво сценарио, додека Мекларен го потврди доаѓањето на Даниел Рикиардо.