На сите им е јасно дека ова е последна сезона на Карло Анчелоти на клупата на Реал Мадрид, а Перез долго размислуваше кого да назначи за негов наследник.
Анчелоти би можел да ја преземе репрезентацијата на Бразил следната сезона, но главна тема во последно време е кој ќе го наследи големиот тренер во Реал Мадрид.
Беа понудени многу имиња, помисли Перез и на крајот реши да му даде шанса на актуелниот тренер на Баер Леверкузен.
Секако се работи за легендарниот играч за врска и поранешен играч на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, кој одлично си ја врши работата во Баер Леверкузен.Веста ексклузивно ја пренесоа новинарите на Радио Марка.
Чаби Алонсо веќе минатата сезона покажа дека ќе има одлична тренерска кариера, а оваа година му оди уште подобро. Ако утрото се познава денот, оваа година неговиот Баер Леверкузен ќе се бори за титулата во Бундеслигата со Баерн.
По пет одиграни натпревари, Баер Леверкузен го дели првото место со Баерн. Двата тима имаат по 13 бода.
На Реал Мадрид му треба токму таков тренер, модерен, со нови идеи, а тоа го препозна и првиот човек на Реал Мадрид. Сигурно е дека доаѓањето на Чаби Алонсо ќе биде интересно и за навивачите бидејќи ретко кој не го сакаше кога играше за нив.