Пеп вложува во иднината: Сити го купи големиот талент на Јувентус

Манчестер Сити го купи Пабло Морено од Јувентус за 10.000.000 евра. Станува збор за еден од најталентираните шпански напаѓачи на чиј ангажман инсистираше Пеп Гвардиола.

„Сите во Манчестер го поздравуваат Пабло, му посакуваат добредојде во клубот и се најдобро во иднина“, стои во официјалното соопштение на „Граѓаните“.

Морено е роден во Гранада и е некогашен член на младинската школа на Барселона. Тој токму во Каталонија ги мина лекарските прегледи, а следната недела се очекува негово доаѓање во Манчестер. Барса беше заинтересирана да го врати во своите редови, меѓутоа Сити и Гвардиола беа побрзи. И пред се финансиски великодушни.

Пабло Морено играше за сите шпански репрезентативни селекции. Во Торино пристигна во 2018 година за 700.000 евра. Иако не одигра ниту минута во сениорскиот тим, „Старата дама“ успеа убаво да заработи од него.