Пеп доби прашање за кризата во Јунајтед: Порано или подоцна..

Манчестер Сити се подготвува за првиот меч од новата сезона во ЛШ, на домашен терен ја пречекуваат Црвена Звезда од Белград.

На пресконференцијата пред утрешниот натпревар во Манчестер, Пеп Гвардиола излезе пред новинарите и анализираше како ќе пристапат на овој натпревар, а им брифираше и на новинарите за повредите во неговиот тим.

Но освен тие тековни прашање, Пеп Гвардиола беше прашан и за ситуацијата во Манчестер Јунајтед, односно што тој мисли за слабиот почеток на Јунајтед.

Па добро, тие не почнаа како што посакуваат, исто како и Челси, но на крајот од денот, тие се Манчестер Јунајтед, па порано или подоцна, ќе го фатат посакуваниот ритам“, порача тренерот на „граѓаните“.

Јунајтед навистина има кошмарен старт на сезоната, имаат само 6 од можните 15 бодови до сега, што укажува на тоа дека минуваат низ извесна криза.