Пелистер официјално е шампион на Македонија

Ракометарите на Пелистер и и официјално се нови пампиони на Македонија откако Вардар ремизираше со Тиквеш 32:32, а битолскиот тим славеше на гостувањето во Охрид со 28-25.

Тиквеш ја презема контролата на мечот од самиот почеток и поведе со 6:2. Заигра тимот на Недановски нешто подобро и до крајот на полувремето намали на 18:15. Вардар се мачеше и во вториот дел против Тиквеш, а до израмнување стигна некаде кон средината на второто полувреме (22-22). Успеаа ракометарите на Вардар и да поведат со 30:29, но сепак на крајот тимот од Кавадарци успеа да освои бод со кој го обезбеди учеството во Европа наредната сезона.

Резултатот во Кавадарци апсолутно му одговараше на Пелистер кој и пред овој натпревар беше во одлична позиција за освојување на шампионската титула бидејќи имаше три бода предност пред Вардар. Ова е седма шампионска титула за битолчани и прва по пауза од 18 години.