Пелистер испушти победа во Лисабон

Македонскиот ракометен вицешампион, Пелистер пропушти голема шанса да продолжи со серијата победи во Европската лига и вечерва одигра само реми против Спортинг.

„Зелено-белите“ одиграа квалитетно на гостувањето во Лисабон, но иако имаа позитива во текот на целиот натпревари, во самиот финиш избрзаа во клучниот напад и дозволија Спортинг да грабне бод од овој меч (27-27). Евентуална победа на овој меч ќе го однесеше македонскиот претставник на чекор од следната фаза.

Најефикасен во редовите на Пелистер беше Табоада со седум гола, а Мандалиниќ постигна пет. И во следното коло битолчани играат против Спортинг, но на домашен терен.