Пелистер го сруши Гостивар, Куманово по продолженија подобар од Еуроникел

ФМП Академија го победи МЗТ Скопје 2 со резултат 84:79, додека првиот тим на МЗТ Скопје оствари рутински триумф против Вардар со 97:80

Работнички го доби Кожув убедливо, гостите од Гевгелија беа немоќни на ова гостување (97:81).

Пелистер на домашен терен оствари победа против кошаркарскиот колектив од Гостивар 89:79, додека Куманово по продолженија со Еуроникел славеше тесно 86:85.

ФОТО: КК Работнички.