Пелистер е прв финалист во Купот на Македонија

Ракометарите на Пелистер се пласираа во финалето од Купот на Македонија, откако во полуфиналето беа подобри од тимот на Тинекс Пролет со резултат 28:21.

Во клупска историја Еурофарм Пелистер има пет титули во Купот, а последен пат овој трофеј го подигнаа во 2005 година.

Пелистер уште на почетокот го наметна своето темпо, евидентна беше нивната предност, а Тинекс Пролет не успеваше да им парира и да остане барем во егал. На полувреме се замина со 17:10.

Во вториот дел Пелистер имаше и поголема предност, но на крајот повторно се заврши натпреварот со седум голови разлика, предност која што ја имаа и на полувреме.

Прв стрелец во екипата на Еурофарм Пелистер беше Кузмановски со седум голови, а на спротивната страна Палевски беше најефикасен во таборот на Тинекс Пролет со шест погодоци.

Во второто полуфинале се среќаваат екипите на Алкалоид и Вардар, а финалето е закажано за в сабота од 18 часот.