Пекол за Вардар, но не можеше да биде поинаку

Актуелниот европски првак ќе има исклучително тешка задача во групната фаза од новата сезона во Лигата на шампионите.

Со оглед на тоа што беше носител, Вардар доби само еден од европските гиганти и тоа ПСЖ кој и претстојната сезона ќе биде меѓу најсериозните кандидати за титулата во елитното натпреварување. Но, не само „светците“. Во групата А, каде е нашиот претставник се уште Кјелце, Порто, Брест Мешков, Пик Сегед, Фленсбург и Елверум.

Новата сезона во Лигата на шампионите почнува на 16 септември, а за разлика од претходните кампањи, сега се само две групи од по осум екипи. Во нокаут фазата се пласираат првопласираните шест од секоја груипа.