Педроса заминува во пензија

Легендата на мотоспортот возачот на Хонда Репсол, Даниел Дани Педроса соопшти дека на крајот од оваа сезона ќе стави крај на својата кариера.
Нема да бидам дел од светскиот шампионат следната година, туку оваа приказна ќе ја завршам ова сезона во „кралската класа“. Оваа одлука ја донесов по долго размислување и секако дека ми е тешко, но го немам повеќе истиот интензитет на трките како порано. Сега имам други приоритети, изјави Педроса.

33-годишниот Шпанец има 54 победи и го зазема третото место на вечната листа, притоа има и три шампионски титули, двапати беше најдобар во класата 250 и е најмлад првак во таа класа, а има и една титула во класата 125.

Целата своја кариера ја мина како возач на Хонда, а во два наврати беше вицешампион во „кралската класа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дојде тој час – Маркез бара прошка од Валентино Роси

Каква доминација на Маркез: 9- победа по ред во Германија!

Продолжува доминацијата на Маркез во квалификациите

(ФОТО) „Џекпот“ за папараците: Девојката на Валентино Роси ја уловија гола

Вилнев знае кој е „бела мечка“ – Ако Кими го удреше Ботас, казната ќе беше 5 секунди!

Ова ќе биде интересно: Сопругата на Кими до Хамилтон: Девојче, а да одиш на балет?

Аривабене возвраќа: Зарем не им е срам на Мерцедес за ова што го рекоа за Кими?

Сега и Лауда удира по Ферари: Не е смешно, ова им е втор пат!

Ферари се посилен – Мерцедес се повеќе подмолен во „тактиките“