Патувајте безбедно – носете зимска опрема!

Во задолжителна зимска опрема покрај зимските пневматици спаѓаат и синџирите за снег за патничките и товарните возила…

Сезона е на зимски одмори, патувања на планина и уживање во снежни активности, скијање и санкање. Но, за безбедно да дојдете до својата цел треба Вашето возило да го подготвите за зимските услови на патот. Така, ако патувате до Маврово или Попова Шапка, покрај зимските пневматици на Вашиот автомобил мора да имате и зимска опрема кога возите на отворен пат по планина. Во зимска опрема покрај зимски пневматици со ознака M+S мора да имате и синџири.

 

Препорачуваме, пред да тргнете на пат во зима, неколку пати монтирајте ги синџирите за снег и мраз. На тој начин ќе добиете рутина и полесно ќе ги монтирате кога ќе се најдете на планински завеан пат.

Најнапред  обезбедете го  возилото да не тргне, па  монтирајте ги  синџирите и безбедно ќе се вклучите во сообраќај.

 

Доколку ги немате, полицијата освен што ќе Ве казни со 45 евра може и да Ве исклучат од сообраќајот. А ако појдете во ски центрите во соседна Србија / Бугарија без синџири, може да Ве казнат од 50 евра до 170 евра. Затоа задолжително носете синџири со Вас. Квалитетни синџири за Вашето возило од познатите брендови LAMPA и VERIGA може да набавите во Feli-As (www.facebook.com/feliasmacedonia/).