Патот на Халанд е кон – Премиер лигата!

Фантастичниот 19 годишен Ерлинг Халанд, во некое идно време ќе заврши во еден од клубовите во Премиер лигата, така тврди поранешниот норвешки фудбалер, а сега аналитичар, Јан Аге Фјортофт.

Корпулентниот Халанд и претходно често го поврзуваа со трансфер во Манчестер Јунајтед, но на крајот заврши на „Сигнал идуна парк“.

Сепак, Фјортофт верува дека Англија не е завршена приказна за Халанд и дека тоа во иднина ќе се оствари.

Тој беше дел од Молде со Оле Гунар Солскјер, потоа замина во Ред Бул Салцбург. Потоа имаше одлична понуда од Јувентус, но сепак премина во Дортмунд, сметам дека тоа беше вистинското место за него. Мислам дека во иднина ќе се пресели и во Премиер лигата“, порача Фјортофт.

Солскјер минатиот трансфер период излезе на трансфер пазарот по напаѓач, пред се поради повредата на Маркус Рашфорд, но успеа да го донесе Игало на позајмица, иако кружеа и шпекулации дека ќе пристигне Халанд во Манчестер, тоа не се оствари.