Паски и Романија тврдат: Адио, Mondiale!

2271

Репрезентацијата на Македонија вчера го одработи планираното, оствари победа против Романија во првиот бараж натпревар за пласман на СП.

Романија лесно падна во Скопје со резултат 32:24, а според селекторот на Романија, тоа е веројатно доволно за Македонија да биде веќе со мислите кон следниот голем турнир.

„Им честитам за победата, денеска беа далеку подобри од нас. Разликата беше евидентна на терен, знаевме дека има разлика меѓу двете репрезентации, а тоа и го видовме. Баражот за нас е завршена приказна. Во реваншот ќе биде многу важно да ја победиме една од најдобрите репрезентации“, тврди Чави Пасквал.