Париз 2024: Британците втори, зад домаќинот Франција, според купени билети

Британските љубитeли на спортот веќе купиле половина милион билети за Летните олимписки игри (ЛОИ), повеќе од која било земја освен Франција, соопштија организаторите на Игрите во Париз 2024.

– Не знам дали тоа е најава за одлични настапи на британските спортисти, но ние сме многу возбудени и со нетрпение ги очекуваме сите, изјави извршниот директор на Париз 2024, Етиен Тобоа.

Минатиот месец, претседателот на Светската атлетика (СА), Себастијан Коу рече дека е загрижен поради цените на на некои билети кои се превисоки.

– Ние веќе продадовме 90 отсто од билетите, што е показател дека сме ги одредиле вистинските цени. Имавме повеќе од еден милион билети по цена од 24 евра. Повеќе од четири милиони билети чинат 50 евра или помалку. Стадионот ќе биде полн и за натпреварите во атлетиката, која му е драга на Коу, вели Тибоа.

Франција го зголеми безбедносното ниво во октомври, кога наставник беше убиен во напад со нож во училиште во Арас. Минатиот месец, еден Германец загина, а двајца други беа повредени во напад со нож и чекан на улица во центарот на Париз.

Минатиот месец францускиот претседател Емануел Макрон рече дека властите се подготвени да ја преместат церемонијата на отворањето на Игрите, првата што ќе се одржи надвор од стадион, од реката Сена на друга локација, доколку претставува преголем безбедносен предизвик.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО