Парите пред се: Му се исполни желбата – Гурбиндо побегна од Вардар и замина во Динамо

Десниот бек Едуард Гурбиндо по кратката авантура во Вардар го напушти Скопје и веќе има нов клуб.

Шпанецот од денес и официјално е нов ракометар на Динамо Букурешт каде што тренер е неговиот сонародник Чави Пасквал.

Искусниот 33 годишен ракометар во една од ретките изјави истакна дека си оди од Вардар затоа што не бил задоволен од проектот и она што му го ветувале кога се договарал.

Но неофицијалните информации говорат нешто соседма друго, а тоа е повисоката понуда од финансиски аспект која ја добил од Романците.