Паника во Токио, олимпиец исчезнал од тренинг кампот

Локалните власти во Јапонија трагаат по атлетичар од Уганда кој денеска исчезнал на западот од Јапонија, пренесуваат новинските агенции.

Како што пишува „АП“, исчезнатиот 20-годишник тренирал со уште осуммина сонародници во Изумисанo, во префектурата Осака. Неговите сонародници сфатиле дека бил отсутен околу попладнето по локално време, кога не бил доставен неговиот примерок од плунка за тест, па ја пронашле неговата хотелска соба празна. Бидејќи денес утринава немале тренинг, момчето до Уганда последен пат бил виден во својата соба во раните утрински часови.

Со оглед на тоа дека не го пронашле во хотелот, официјалните лица ја известиле полицијата со цел да се започне со поширока истрага. Во хотелот немало 24-часовен надзор, па не е познато кога или на кој начин исчезнатиот атлетичар излегол од хотелските простории.

Атлетискиот тим на Уганда уште на 19 јуни пристигна во Јапонија, а по слетувањето на аеродромот Нарито еден од членовите на тимот имал позитивен тест, па морал да оди во карантин, додека на осуммината момчиња им било дозволено во изнајмен автобус да поминат повеќе од 500 километри до Изумисано каде им бил предолимпискиот камп.

Неколку дена подоцна и втор член на тимот бил позитивен, присилувајќи седум градски официјални лица и возачот кои имале близок контакт со тимот да се замоизолираат. Здравствените работници рекоа дкеа двајцата заразени спортисти од Уганда се заразени со делта сојот, а дека по карантинот им се приклучиле на сонародниците во тренинг кампот.

Овој случај ги поттикна јапонските власти да ја засилат граничната контрола и да ја променат политиката на изолација односно да бараат целите групи да бидат во карантин во областите околу аеродромот доколку било кој член е позитивен.

Иако јапонските власти побарале употреба на здравствени апликации и апликација за локација и ја ограничија активноста во „балонот“ со цел спортистите во целост да се изолираат од јапонската јавност, веќе има пријавени прекршоци.

Мониторите кои претходно ги најавуваше јапонската министерка за Олимписките игри Тамајо Марукава не се видени во многу хотели. Таа им откри на новинарите во петок дека бара од организаторите да ги засилат мерките и да го зголемат персоналот за надзор во хотелите со цел да бидат сигурни дека се почитуваат правилата.