Паничен повик во Ред Бул: Мислам дека сум инфициран со КОВИД19

Шефот на Ф1 тимот Ред Бул, Хелмут Марко, истакна дека пред некој ден добил повик од нивниот возач Макс Верстапен, кој бил испаничен поради КОВИД19.

Корона вирусот кој немилосрдно се шири насекаде во светот, не избира место и време, па ни луѓе, без разлика дали тоа биле спортисти или не.

Марко открива дека добил повик во кој почувствувал паника на Верстапен, кој стравувал дека е заразен од КОВИД19.

Ми се јави на телефон и беше ужасно исплашен дека е инфициран од КОВИД19“, по што шефот на Ред Бул се обидел да го смири, дека се е во ред со него и дека само замислува дека е инфициран.

Сезоната во Ф1 е одложена, односно дел од трките се одложени, а дополнително ФИА треба да потврди кога точно сезоната во авто-мото циркусот ќе започне.