Пандев упати јасна порака до македонската јавност: Потребна е вашата помош во што верувам

Победнички крај на квалификациите за историски трето место во групата. Пред Македонија вечерва падна Израел (1-0), а нашиот национален тим од теренот го предводеше капитенот Горан Пандев.

Лидерот на нашиот национален тим, воедно душата и срцето на фудбалската селекција на Македонија потенцира дека ова е голем успех и уште еднаш ја сподели својата голема желба – пласман на ЕП.

„Ова беа одлични квалификации, некој да ни понудеше да бидеме трети, веднаш ќе прифатевме. Со нетрпени го очекуваме март,оваа генерација заслужува да оди на ЕП со што би ја израдувале македонската јавност. Има време до мечот со Косово на кој имаме реални шанси. Верувам дека публиката и нашите навивачи ќе бидат 12-ти игра“ изјави Пандев.

Па народе, се чини дека ќе ја разберете пораката што капитенот сакаше да ви ја пренесе.