Пандев: Не гледам каде Словенија е подобра од нас – ќе изгинеме на терен

Македонската А репрезентација го одржа официјалниот тренинг спроти утрешниот натпревар од квалификациите за ЕУРО 2020 против Словенија, а селекторот на нашата репрезентација, Игор Ангеловски и капитенот Горан Пандев зборуваа за очекувањата од дулелот на прес – конференција.

“Расположението и атмосферата кај нас е на највисоко ниво. Со нетрпение го очекуваме овој натпревар и знаеме што носи победа на овој меч. Мора да одиграме на ниво. Ако Словенија се надева дека може да биде втора, можеме и ние. Не гледам каде Словенија е подобра од нас на теренот“, изјави Пандев и додаде:

„Знаеме со каков квалитет располагаме, иако ни фалат двајца играчи. Ветувам дека ќе изгинеме на терен. Очекувам голема поддршка, се надевам дека ќе дојдат луѓето што не сакаат. Не бараме којзнае колаква бројка, само да добиеме вистинска поддршка од луѓе што ја сакаат репрезентацијата на Македонија“.

Средбата на Националната арена „Тодор Проески“ меѓу селекциите на Македонија и Словенија се игра в четврток од 20:45 часот.