Панчев со интересни детали за Вардар во ЛЕ: Добивме 5 милиони, но потегот на клубот…

Излегувањето на Вардар во ВМФЛ беше примено со разочарување кај навивачката група „Комити“, но и кај останатиот дел неутрални фанови, кои навистина го сакаат фудбалското семејство Вардар.

Таквата информација не помина незапазено и во соседството, каде медиумите со чудење, па и разочарување ја примија и пренесоа веста дека во Македонија, најтрофејниот фудбалски клуб се лизга до втората фудбалска лига во државата.

За излегувањето на Вардар во ВМФЛ, МоцартСпорт направи посебно интервју со , Дарко Панчев, кој изнесе интересни детали кои досега не беа целосно познати низ македонскиот медиумски простор околу целата ситуација во Вардар по остварениот пласман во Лига Европа, кој за македонскиот спорт ќе остане историски, а според зборовите на Панчев, тоа сето можело да има сосема друго светло и правец кон кој ќе се движеле „црвено-црните“.

Кога се пласиравме во Лига Европа, им реков на луѓето во клубот, дури и на сопствениците, дека немаме тим кој може да биде доволно конкурентен. Просто го немаме, Лига Европа е силна и дека сме доста слаби. Добивме 5 милиони евра од УЕФА, а со тие пари можевме да проектираме буџет за следните три сезони. Кога станува збор за мак фудбалот, тоа се многу пари. Меѓутоа, не видов желба од спротивна страна да се работи на засилување на тимот. На крајот бев во право. Реал Сосиеадад ни даде 6 голови, Зенит 5. Упсеавме да одиграме нерешено само со Розенборг на домашен терен“.

„Навистина сакав да направиме силем тим за балканските простори. Сега, кога е се завршено, можам да откријам дека договорав да дојде црномурест фудбалер во нападот, кој тогаш беше најдобар во турската лига. Барем јас знам да препознаам напаѓач. Тој сакаше да дојде и да игра за нешто помалку од 200.000евра, бевме блиску и до еден од Израел, меѓутоа тоа од клубот го одбија. Приказната ќе беше поинаква доколку ние имавме човек како Александар Вучиќ. Претседателот на Србија го сака многу спортот и знае да препознае квалитет. Во Вардар не посакуваа да направат добар тим, а откако се посложија приказни по навивачите дека јас сум виновен за тоа, си поднесов оставка, навистина штета“, порача Панчев.

Доколку планот на Панчев бил барем делумно усвоен, доколку Вардар ги добиеше неколкуте потребни засилувања, сега приказната со најтрофејниот клуб во Македонија можеби ќе беше поинаква, како во европски рамки, така можеби и во ситуацијата со ПМФЛ.