Паѓаат рекордите на Федерер, Надал веќе му симна еден

Рафаел Надал се пласира во четвртфиналето на Мастерсот во Монтреал со победата над Гвидо Пеља, но овој триумф не беше обичен за Шпанецот.

Искусниот тенисер ја запиша 379. победа на Мастерс турнирите со што го собори рекордот на Роџер Федерер кој има 378 во серијата 1000.

Со оглед на тоа што Федерер се поретко настапува на Мастерсите и строго ги селектира турнирите на кои игра, веројатно рекордот на Надал ќе остане уште долго, ако не го симне Новак Ѓоковиќ.