Паѓа вредноста на Роналдо – сега е деветти во Серија А

Иако има убедливо највисока плата од сите фудбалери во италијанското првенство, вредноста на Кристијано Роналдо рапидно опаѓа од година во година.

Во 2018 Јувентус за него плати 112 милиони евра, но сега, ако се суди според проценетата вредност, може да добие помалку од половина од таа сума – 60 милиони. Со тоа Роналдо е на деветтото место иако на 60 милиони се проценети и Џанлуиџи Донарума и Стефан де Фрај. Веројатно затоа што се помлади, тие се на седмото и осмото место.

Прв е напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку кој е проценет на 85 милиони евра, по него е Пауло Дибала со 80, па Матијс де Лихт и Лаутаро Мартинес со по 70.