Паѓа митот за Швајцарецот: Федерер го претрпе најбрзиот пораз од 2003 година

Роџер Федерер нема да се бори за деветтата титула на Мастерсот во Синсинати откако доживеа пораз во осминафиналето од рускиот тенисер Андреј Рубљов.

Најдобриот тенисер на сите времиња изгледаше неподготвен, не успеа да го наметне својот стил на игра и на теренот остана едвај еден час. Рубљов победи со 2-0 (6-3, 6-4) и ги лиши љубителите на тенисот од можен дуел меѓу Федерер и Ѓоковиќ во полуфиналето од овој Мастерс. Мечот траеше само 63 минути и тоа е најбрз пораз на Роџер Федерер од 2003 година кога од Франко Сквилраи загуби за 54 минути.

За разлика од Федерер, Ѓоковиќ немаше проблеми со Карено Буста и славеше со ист резултат славеше против Карено Буста.