Падна уште една тренерска глава во мак фудбалот

Екипата на Македонија Ѓорче Петров ќе бара нов тренер откако со досегашниот Александар Таневски ја раскина соработката.

Ова доаѓа по денешниот првенствен дуел против Борец во Велес кој заврши со нерешен резултат од 1-1.

„Голема благодарност до Александар Таневски на досегашната соработка, успеавме заедно да се вратиме во прва лига и после 10 години да играме на европска сцена и финале на купот на Македонија! Му посакуваме успех во тренерската кариера!“, стои во дописот од клубто.

По 14. одиграни кола, Македонија ЃП со освоени 18 бода се наоѓа на 6. место на табелата. Под водствот на Танчевски екипата беше во црна низа од седум меча без победа.